МАКЕДОНИЈА

Обвинение против Гостиварец за илегално поседување марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот на 20 август, набавил и држел наркотична дрога – марихуана во домот во кој живее на улица „Балиндолска“ во Гостивар. При претрес во куќата биле пронајдени 18,42 грама марихуана, 0,60 грама мешавина марихуана и тутун, како и една дигитална вага.

Од страна на надлежниот обвинител до Основниот суд во Гостивар доставен е предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button