МАКЕДОНИЈА

Обвинение против Јанакиески и Јанушев за двокатните автобуси

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвиниение против екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Игор Јанушев поранешниот  генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ и уште две лица за набавката на 202 кинески двокатни автобуси. Според обвинителството, обвинетите незаконски фаворизирале фирма од Кина и склучиле договор за набавка на автобуси и со тоа нанеле штета на буџетот од 4,7 милиони евра.

По три неуспешни постапки во 2008 и 2009 година во 2010 година била спроведена постапка и била избрана кинеската фирма иако до денот на отварање на понудите немала доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет. Но наместо да се отфрли понудата како некомплетна, фирмата влегла во трка за тендерот. Се направила евалуација на понудите и иако понудата на фирма од Бугарија била пониска за 4,7 милиони евра била одбрана кинеската фирма. Јанакиевски наместо да ја поништи постапката поради недостатоци, склучил договор за набавка на двокатни автобуси вреден над 35 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button