ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот на ЈО ги предлага Абази и Рајевска за членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители

Пет дена откако беше избран за шеф на обвинителството за организиран криминал кариерата на Ислам Абази продолжи да напредува. Советот на јавни обвинители го предлага да биде и член управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители каде неговата сопруга треба да полага завршен испит. На денешната седница го предлоожил заменик претседателот на Советот Арбер Исаку а останатите членови го изгаласале, пренесува Телма.

Освен Абази избрана е и Фиданка Рајевска која е член на советот на јавни обивнители а како заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Според законот за акдемија на судии и јавни обвинители Управниот одбор е орган управување на академијата со долг список на надлежности и го сочинуваат 9 членови и заменици. Двајца обвинители и двајца заменици предлага советот на јавни обвинители.

Токму сопругата на Абази ја привршува обуката на Академијата која е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до крајот на годината со колегите од генерацијата треба да полага завршен испит пред да може да биде избрана за судија или обвинител.

Извор: Телма

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button