ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара притвор за Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири за “Монструм”

Обвинителството побара притвор за обвинетите во Монструм, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири. Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека има сериозни сомневања дека двајцата може да побегнат имајќи предвид дека судењето Монструм е при крај.

За Исмаиловиќ имало сомнеж дека може да избега во Косово, додека Фејзи Азири иако веќе издржува затворска казна, бил во полуотверно одделение и користел многу поволности, како одмор летово и затоа има страв дека ќе избега. Фетаи објасни дека бара ваква мерка, поради запретената казна, доживотен затвор. Дополнително Фејзи Азири имал косовско државјанство и било лесно да замине таму. За Хаки Азири предлогот е, секој ден да се јавува во судот. Дополнително обвинителството пресмета дека на обвинетите им останала можност во ефективен притвор да бидат уште 3 месеци 25 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button