ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството одлучи да ги отфрли кривичните пријави против претседателот на Собранието

Обвинителството одлучи да ги отфрли кривичните пријави против претседателот на Собранието, Талат Џафери и двајца пратеници кои беа донесени од дома да гласаат иако беа болни од корона. По проверката на фактите, обвинителството утврдило дека пратениците кои беа донесени со амбулантни возила, биле без клиничка симптомологија и биле запазени сите протоколи за движењето, сместувањето и нивното гласање. Кривичните пријави ги поднесе ВМРО – ДПМНЕ, по гласањето во Собранието, кога мнозинството немаше кворум за да го донесе петтиот сет мерки економска помош за стопанството кое го чекаше повеќе од два месеца, посебно за мерката за исплата финансиска помош за исплата на плати за месеците февруари и март.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button