МАКЕДОНИЈА

Обвинителството поднесе обвинение против две лица за мачење и убивање на кучето Феликс

Основното јавно обвинителство поднело обвинение против две лица за кривично дело – убивање и мачење животни, информираат од Обвинителството.

„Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред се вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на ОЈО- Скопје.

Како што се наведува во соопштението, двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година.

„Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител доставил и предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети, имајќи го предвид пред се објектот на инкриминацијата на ова кривично дело изразено преку заштита на животните од нехумано постапување.

По смртта на кучето Феликс, кое крвнички беше претепано од вработен во фирма кај Момин Поток, граѓаните започнаа петиција и побараа институциите да си ја завршат работата и да го сработат она што го предвидуваат законите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button