ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителството пред одлука за бонусите на СЈО

Обвинитеслтвото за организиран криминал и корупција го вештачи начинот на кој се делеле високите бонуси во Специјалното обвинителство. Предметот за додатоците во СЈО е отворен во номеври 2019 – та година. Откако јавноста беше запознаена, дека специјалните обвинители со амин на Катица Јанева земаат додатоци во илјадници евра, обвинителството за организиран криминал и корупција почна да истражува – како, на кој начин и по кој основ вработените во СЈО, вклучително и обвинителите земале додатоци на основната плата по основ на доверливост.

„Предметот е во предистражна постапка и се преземени активности во насока на расчистување на случајот. Обвинителството очекува во наредниот период да бидат доставени дополнителни материјални докази кои беа побарани од страна на предметниот обвинител, а што се од значење за донесување на јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, наведуваат од ОЈО.

Иако Државниот обвинител Љубомир Јовевски, во ноември 2019 година најави брза истрага за случајот, обвинителството за организиран криминал и корупција се уште собира докази. Во меѓу време додека обвинителството истражува, извештај за начинот на делење илјадници евра во СЈО подготви Државниот завод за ревизија. Утврди дека во организацијата која ја водеше Катица Јанева се распределиле бонуси во висина од 4,6 милиони евра.

Ревизорите посочија дека нема соодветен критериум по кој се делеле додатоците во илјадници евра. Збирот на испалтени бонуси, пресмета ревизијата е повисок од збирот на основните плати на сите обвинители, стручни соработници како и истражители во веќе загаснатото СЈО. Дополнително утврдено е дека додатоците за довреливост, ризик и посебни услови за работа наместо 35 проценти од плата биле унифицирани и обвинителите добивале 70 илјади денари плус на основните месечни примања.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button