ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинувања меѓу ДУИ и Димитриевски за кумановската гимназија

Обвинувања меѓу ДУИ и Димитриевски за кумановската гимназија

Гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово повторно беше причина за судир помеѓу општина Куманово и Министерството за образование откако советниците на ДУИ во Куманово побараа од министерот брзо решение со зградата на ова училиште кое не ги исполнува ниту основните услови за настава. Реакцијата на советниците дојде откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, преку објава на Фејсбук ги критикуваше трошоците што ДУИ на манифестацијата за 20-годишнината од формирањето, нагласувајќи дека подобро е овие пари да се искористат за училиштето „Сами Фрашери“.

„Го повикуваме градоначалникот на Куманово да не се занимава со зборови, да не се занимава со празни изјави. Нека се занимава со вистинските проблеми на градот Куманово… а не со спомениците и манифестациите на ДУИ“, рече Арта Мемеди Адеми, советничка на ДУИ во општина Куманово.

Министерот за образование, Јетон Шаќири рече дека централната власт е подготвена да инвестира во изградбата на училиштето, но однапред треба да има комплетна документација од општина Куманово.

„Средствата се обезбедени од министерството, но ќе се финансираат проекти кои имаат комплетна документација и кои се доставуваат од градоначалниците кои аплицираат за ова и потоа ги следат процедурите за рангирање на проектите во Министерството за образование и наука“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Но, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за Алсат изјави дека општината навреме ја комплетирала документацијата, но дека Министерството за образование постојано го игнорирало нејзиното барање. Димитровски вели дека денешната средба е манипулација на советниците на ДУИ со министерот за образование.

Гимназијата „Сами Фрашери“ функционира во зградата на поранешниот земјоделски индустриски комплекс. Во истата зграда учат и учениците од техничкото училиште. Објектот нема основни услови за одржување на наставниот процес. Училниците се вон стандарди и немаат училници или други услови за учење.

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button