ЕКОНОМИЈА

Од 1 јули без роаминг за Албанија, Косово, Србија, БиХ и Црна Гора

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, што значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од први јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Овие земји започнуваат да го спроведуваат договореното од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавенo за 1 јули 2021 година.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button