ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан. Тоа значи дека трошоците за роаминг услугите меѓу земјите ќе бидат по цени како да сме дома. За не цели четири месеци од сега, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ, ќе започнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 – та година, со кој граѓаните добија поефтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

„Кога цените на роаминг услугите ќе исчезнат, ќе се воведе преоден период во кој операторите за роаминг услугите ќе наплаќаат само дополнителен надоместок на националните електронски комуникациски малопродажни цени. Од 1 јули се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар. Тоа значи дека корисниците од Македонија нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг услугите кога ќе патуваат во оснататите пет земји потписнички на спогодбата“, вели Јетон Акику – директор на АЕК.

Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека намалувањето на цените на услугите во роаминг ќе значи и чекор поблиску до намалување на цените на роамингот со ЕУ. Но, поволностите нема да важат за оние земји од опкружувањето кои се членки на ЕУ, бидејќи во Унијата важат други правила. За да се намалат цените и кон ЕУ, велат од институцијата, ќе биде потребно Македонија да потпише Спогодба за намалување на цените во роаминг и со ЕУ, по примерот на земјите од Западен Балкан кои заеднички се договорија. Инаку, во моментов, цената на роаминг услугата која граѓаните од Македонија ги плаќаат за разговори во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ изнесуваат – 3,64 денари за повик кон Македонија и 1,82 денари за дојдовен повик. Остранувањето на роамингот вчера го најави и косовската Агенција за електронски комуникации.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button