ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан

Од 1 јули се укинува роамингот во регионот на Западен Балкан, што се смета за голема придобивка за корисниците, бидејќи нема да има скриени трошоци или ситуации во кои корисникот треба да активира нешто. Од 1 јули корисникот ќе може да го користи сообраќајот што му е достапен во рамките на пакетот на територијата на целиот Западен Балкан.

Всушност, веќе не станува збор за роаминг-пакети и за некои посебни поволни претплати, туку цените што важат за секој корисник на домашни сообраќајни услуги ќе важат во мрежата на кој било оператор на Западен Балкан.

Единствените ограничувања во потрошувачката се можни во однос на тарифниот пакет, и за тоа дали се работи за припејд или за постпејд-корисници.

Она што се планира е да се оневозможи злоупотреба – на пример некој да купи картичка во една земја, а потоа да ја користи во својата земја како да е локална.

Укинувањето на роамингот од 1 јули на Западен Балкан е крај на процесот што траеше две години и во кој постепено се намалуваше цената на роаминг услугите.

Последната фаза значи укинување на роамингот, така што сите корисници ќе можат да прават во повици, да користат интернет и СМС-пораки во околните земји, како и во домашниот сообраќај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button