ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 1 јули се воведува целосна забрана за движење во шумите и истата ќе важи до крајот на август

Од 1 јули се воведува целосна забрана за движење во шумите и истата ќе важи до крајот на август

Од 1 јули во сила ќе стапи забраната за движење во шуми, а истата ќе важи најмалку до крајот на август. Иако оваа забрана е актуелна секое лето кога има високи температури, според надлежните најголем причинител за шумските пожари е токму човечкиот фактор. Поради ова, секој кој ќе има потреба во периодот на забрана да движи во шума ќе треба да добие дозвола од Национални шуми, од каде пак понатаму неговите активности ќе бидат следени.

Advertisements

„Значи ако некој земал дозвола да се движи на скопска црна гора во одреден регион и таму имаме некоја нус појава – дали ќе биде тоа пожар, дали ќе биде некоја кражба, што и да е, ние знаеме дека тоа лице добило дозвола и претпоставуваме дека е тоа. Така да, сакаме на овој начин да го таргетираме движењето на луѓето во шумата во периодот којшто претстои од причина што гледате дека месеците март и април беа доста врнежливи, тревата е доста висока, што значи тој горлив материјал што во наредниот период ќе се исуши и ќе биде доста запалив, од таа причина ќе мораме да бидеме сериозно подготвени„, рече Кире Михаилов, заменик генерален директор на „Национални шуми“ .

Санкционирањето на пироманите пак е во делот на работењето на полицијата, а според закон, оној којшто ќе предизвика шумски пожар од големи размери, ќе се казни со затворска казна од најмалку осум години. Причините за пожар покрај човечкиот фактор се и високите температури, а во гасењето на пожарите ресурсите на Национални шуми се и натаму оскудни – допрва треба да се распише тендер за набавка на огноотпорни одела за луѓето на терен, а претпријатието располага и со цистерни кои не се во добра состојба.
„Возилата какви такви ги имаме, меѓутоа добар дел од нив, искрено, се во несоодветна состојба, се трудиме да ги санираме. Во делот на набавка на пумпи кои служат за гасење на пожарите имаме голема мака – затоа што едноставно во минатото не се водело грижа за ова„, дода Кире Михаилов, заменик генерален директор на „Национални шуми“ .
За гасење на пожарите покрај од земја по потреба се интервенира од воздух, но Михаилов вели дека и овде капацитети се слаби – од трите авиони на дирекцијата за заштита и спасување моментално исправен е само еден, а доколку состојбата ескалира ќе помага и еден авион од армијата и еден полициски хеликоптер. Сепак, и покрај недоволните капацитети, од Шуми изразуваат надеж дека со добрата меѓусебна соработка меѓу надлежните институции пожарите сепак навреме ќе бидат ставени под контрола./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button