ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 1 јуни слободно дишење на отворено и свадби „со усул“

Свадби и други семејни забави да можат да се организираат на отворен простор од 1 јуни. Ова е еден од предлозите на Комисијата за инфективни болести за олабавување на рестриктивните мерки доставен до Кризниот штаб. Министерството за здравство најавува ограничувања за бројот на гости, односно максимум 100 лица или 50% од капацитетот на терасите и дворовите на рестораните.

Се предлага и укинување на обврската за носење маски на отворено. Во затворено, во јавниот превоз и на места каде што има групи од повеќе од 6 лица, носењето маска да остане во сила. Нема промена ниту во полицискиот час. За него се предлага да продолжи и после 1 јуни од полноќ до 4 часот наутро. Надворешни спортски активности ќе може да се организираат со публика, но со капацитет од 30% од стадионите, односно салите. Овие препораки се очекува да добијат зелено светло на следната седница на Владата.

Од друга страна, интензитетот на вакцинирање деновиве се намали бидејќи во земјава има уште 10 илјади дози. Со истото темпо сите би завршиле утре. Министерот Филипче најави дека следната недела се очекува да пристигнат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 други од Бугарија. Ниту вакцините Фајзер од директната набавка нема да стигнат овој понеделник. Ова значи забавување на процесот на вакцинација за неколку дена. Граѓаните над 60-годишна возраст кои биле вакцинирани со Астра&Зенека во Србија, ќе ја добијат втората доза во земјава, но со закажување термин на друга веб-страница „ревакцинација.мк“. Граѓаните помлади од 60 години повторно ќе треба да одат во Србија за да ја примат втората доза. Според извештајот на Министерството за здравство, досега се вакцинирани близу 300 илјади наши граѓани, а над 60 илјади се ревакцинирани.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button