МАКЕДОНИЈА

Од 10 пријавени, девет компании влегуваат во втората фаза за изградба на ХЕЦ Чебрен

Од 10 пријавени, девет компании влегуваат во втората фаза за изградба на хидроелектраната Чебрен на Црна Река. Како што соопшти Владата, тие ја поминале првата фаза од претквалификациите и може да ја продолжат постапката во втората фаза. Комисијата за евалуација изготви листа на компаниите кои ги исполнуваат условите. Од нив две се од Кина, исто толку од Турција и по една од Грција, Шпанија, Франција, Италија и Австрија. Со тендерот се планира Чебрен да биде јавно-приватно партнерство, а странскиот партнер да инвестира околу 600 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button