ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од 1ви декември пред да одите на пазар добро е да земете торба со себе

Од 1 декември ќе се отстранат пластичните кеси, а наместо тоа секој продавач треба да користи биоразградливи кеси, за кои граѓаните ќе треба да платат 15 денари по парче. Ваквата одлука граѓаните ја поздравија, иако  велат дека цената на ќесите требало да биде пониска. Велат дека од среда ќе бидат принудени да платат една кеса колку килограм јаболка.

Граѓанин : Наместо кеси ќе земем торба. Ама и цело време не можеме да носиме торба, сега морам да земам кесе, 15 денари колку што е. Сè поскапе, па и ова нека поскапи.

Скапо е 15 денари. Не е добро.”

Ќе почнеме да носиме торба со нас“.

Продавачите, главно ја поздравуваат оваа одлука. Велат дека досега трошеле за кеси, но не им наплатиле на потрошувачите за истите. Според нив, додека граѓаните не се навикнат да земат ќеси, ќе го изразуваат своето незадоволство.

Продавач: Го поздравуваме ова. Ова требаше да се направи многу порано. Но, колку ќе се реализира ова, бидејќи и порано имаше обиди за отстранување на пластичните кеси, но ова не верувам дека ќе се спроведе. Со ова одлука што ја донесоа, 15 денари е многу добро. Многу подобро, земи торба од дома и оди на пазар.  Дури 15 денари се малку, уште повеќе треба за луѓето да се освестат.

Продавач: Верувам дека ќе не оштети, но што да правиме. Ќе бидеме обврзани да ги продадеме за 15 денари. Кога ќе им побараш 15 денари пример, салата би чинела 30 денари, а кесичка 15, вупно би чинело 45 денари.

Продавач: 15 денари не плаќаат потрошувачите. Не знаеме како ќе биде, дали ќе важи за нас или не“.

Продавач: Не, никој не не известил. Тоа воопшто не ни користи, не знаеме како да им служиме на клиентите. Ќе му дојде, килограм јаболко, колку една кеса.

Од Министерството за животна средина велат дека производителите на пластични кеси можат да продолжат да работат и натаму, но почитувајќи го стандардот за биоразградливост. Дебелината на кесите што треба да се користат не треба да биде поголема од 15 микрони. Собраните пари од продажбата на кеси ќе одат во посебен фонд кој ќе се инвестира во животната средина, но ќе се инвестира и во свеста на граѓаните како да се управува со отпадот. Од овој ресор велат дека идејата е тој што загадува да плаќа.

Подготви: Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button