ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Од четврток постудено и услови за снег

До четврток попладне времето ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Advertisements
Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.
Од сабота следува период на многу студено време, соопшти УХМР.