СВЕТ

Од денеска поригорозни мерки за влез во Австрија, еве што е потребно

Во Австрија на полноќ стапи на сила построгиот режим за влез во земјата, за кој е потребна електронска регистрација пред поаѓање.

Од 19 декември, Австрија применува строг режим на влез, според кој сите што доаѓаат од региони со висок ризик мораат да поминат задолжителен десетдневен карантин, кој може да се прекине само по петтиот ден на изолација, со негативен тест.

Мерката требаше да важи до 10 јануари, а нејзината цел беше да спречи „увоз“ на вирусот од странство за време на Божиќните и новогодишните празници. Сепак, таа мерка беше продолжена до 18 јануари, а сега до дополнително известување со дополнителна обврска да го пополните формуларот пред да пристигнете во Австрија.

Само патниците кои доаѓаат од Австралија, Финска, Исланд, Јапонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Ватикан, Грција и Сингапур се ослободени од строгиот режим за влез во Австрија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button