ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Од денеска пријавување за вакцинирање против КОВИД во домашни услови

Граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакцинален пункт, од денеска може да закажат вакцинирање во домашни услови.

Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата во државата се врши во Здравствените домови каде има пунктови за вакцинација, ревакцинацијата се одвива во спортски сали во поголемите градови, а има и теренска вакцинација по руралните средини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button