МАКЕДОНИЈА

Од денеска се воведува делумна забрана за движење во шуми

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Забраната стапува во сила од денеска и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button