ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од Луна паркот во Скопје направија циркуз, осум години срам за Градот

Од Луна паркот во Скопје направија циркуз, осум години срам за Градот

Новиот луна парк скоро една деценија е неостварен сон за граѓаните на Скопје. Велат дека е срам за надлежните што во главниот град децата немаат каде да се забавуваат со вакви содржини. Со носталгија се сеќаваат на времето кога луна паркот функционираше. Апелираат Град Скопје што поскоро да ја заврши изградбата започната пред осум години.

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека не се работи затоа што претходните раководства не ѝ оставиле финален проект. Имало и ревизија, сите процедури биле завршени, но не може да каже кога паркот би бил завршен.

Поранешната претседателка на Советот во Град Скопје, а моментално советничка на СДСМ, Љубица Јанчева, ѝ реплицира на Арсовска дека проектот за Луна паркот постои од пред седум години и бил коригиран со одлука на советот во 2019 година со стратегија направена како донација од италијанска компанија.

Работите за изградба на новиот Луна парк почнаа во 2017 година кога градоначалник беше Коце Трајанов, но и до ден денес останува градилиште. Паркот постоеше од 1973 година, но беше демонтиран и затворен по околу четири децении постоење со ветување дека ќе се изгради нов./Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button