ВЕСТИЗДРАВСТВО

Од мај клиниките без организациски директор

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе почне да функционира со еден директор кон крајот на мај, а не од 1 јануари 2024 година, како што најавија од Министерството за здравство. Министерот Фатмир Меџити, рече дека процесот е започнат и мора да биде завршен без оглед на изборниот период .Како што рекоа Меџити и премиерот Димитар Ковачевски, оваа иницијатива нема да пропадне бидејќи како што велат, Владата ќе остане иста, алудирајќи на реизбор на актуелната Влада.

„Ова ќе стане реалност до крајот на мај или почетокот на јуни. Се разбира, сите процедури се во тек. Триесет и три Управни Совети, 33 медициснки и 33 организациски треба да се обединат, сите трошат 20 милиони евра годишно. Од првиот ден рековме дека нема да дозволиме здравството да биде во таква состојба. Сите наши планови се реализираат со предвидената динамика“, рече Меџити.

Претходно, министерот за здравство Фатмир Меџити, објасни дека треба да се отстранат организациските директори на Клиниките, бидејќи тие се само товар на буџетот, а со воведувањето на единствен директор за целиот Клинички центар во Скопје, ќе се решат голем број проблеми со кои се соочуваат и пациентите и медицинскиот персонал.

Премиерот Димитар Ковачевски, рече дека реорганизацијата на клиниките доаѓа пред изборите, и покрај тоа што беше ветена во програмата на СДСМ на последните избори, бидејќи Владата се соочи и со други сериозни предизвици како што се кризата со Ковид-19, енергетската и економската криза.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button