ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од низок ризик, Македонија се качи до умерен ризик од рак на кожа

Македонија е на листата на земји чии граѓани се изложени на ризик од рак на кожата. Пред неколку години нашата земја беше на листата на најмалку загрозени земји, а сега е во групата на умерено загрозени. Директорот на Клиниката за дерматологија апелира граѓаните барем еднаш годишно да вршат дерматолошки прегледи и да не ги игнорираат евентуалните промени што би ги забележале на кожата.

Претседателот на Здружението на дерматолози вели дека ракот на кожата може да се излекува доколку се открие во рана фаза.

Во организација на Здружението на дерматолози на Македонија денеска во Градскиот парк во Скопје беше организирана манифестација со бесплатни дерматолошки прегледи. Ракот на кожата е еден од најчестите и најтешките видови на рак во Европската Унија. Во 2020 година, на над 106.000 граѓани на ЕУ им беше дијагностициран меланом, што го прави шести најчест тип на карцином и еден од 20-тте најчести причини за смрт од рак. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button