ЗАБАВА

Од Њујорк до Лондон за три и пол часа! Нов суперсоничен деловен авион

Сè уште е само проект, но новите фотографии кои покажуваат како ќе изгледа новиот суперсоничен авион со кој патувањето Њујорк – Лондон ќе трае три и пол часа, се воодушевувачки. Суперсоничниот деловен авион Спајк С – 512, замислен од бостонската компанија Спајк Аероспејс, ќе започне пробни летови во 2022 година. Неговото производство ќе чини 100 милиони долари, изјави извршниот директор Вик Кахорија. Авионот ќе достигне брзина од околу 1.170 км на час, со капацитет од 12 до 18 патници, кои практично ќе се најдат во луксузен хотел на небото.

Од компанијата, за Дејли Меил изјавија дека авионот нема да има традиционални прозорци, туку екрани со „висока резолуција“ каде покрај волшебната панорама што ја нуди природата ќе можат да се прикажат и видеа директно од лаптоп. Според компанијата, покрај луксузот и модерноста, елиминацијата на прозорците во голема мера ќе ја намали и бучавата во кабината, нешто што недостасуваше во претходниот суперсоничен авиони, Конкорд. Компанијата работи и на проект за приватен авион, кој ќе може да патува од Лондон до Њујорк, уште побрзо, за само 90 минути. Но, оваа верзија не се очекува да полета пред 2035 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button