ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Од септември Албанија воведува полициски час и ограничувачки мерки на границите

Албанија усвои нови ограничувачки мерки по зголемувањето на бројот на заразени со ковид. Од 6 септември секој што влегува во Албанија мора да има доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда дека го прележал вирусот. После 30 септември се воведува задолжителна вакцинација на учениците, наставниците и лекарите. Мерките предвидуваат десетдневен карантин за секој резидентен државјанин кој доаѓа од странство без ПЦР или без доказ за вакцинација. Освен тоа, од 1 септември се воведува и полициски час од 23 до 6 часот наутро. Слични мерки донесе и Косово и тие стапија во сила од денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button