ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од следната недела заладување, ќе треба повеќе греење

Од следната недела синоптичарите најавуваат постепено намалување на температурите и услови за врнежи од снег. Најстудено се очекува да биде во вторник, каде на повеќе места наутро ќе биде под нулата. Граѓаните велат дека не знаат како ќе ја поминат зимата. Се жалат на високата цена на дрвата која достигна и до 100 евра за метар кубен, иако од Национални шуми тврдат дека цената е околу 3.500 денари без ДДВ.

Иако се свесни за високите сметки, дел од граѓаните сепак ќе се греат на струја.

„Со струја… Цените сигурно ќе бидат повисоки, повисоки се“, велат граѓаните.

За некои други, единствена опција е парното.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button