ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од среда да се укине полицискиот час, предложи Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово на состанок донела одлука да препорача укинување на полицискиот час од среда (16 јуни), информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Укинувањето е предложено бидејќи, вели Филипче, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува тоа.

Исто така, се предлага и укинување на ограничувањето да има максимум 100 гости на свадби и други прослави.

Комисијата за заразни болести даде зелено светло и за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1 000 лица.

Овие одлуки ќе му бидат предложени на Кризниот штаб, кој ако ги прифати ќе ги препорача до Владата за усвојување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button