ВЕСТИЗДРАВСТВО

Од утре почнува вакцинирање на пријавените деца

д утре ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1.800 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.

Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453.773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се 272.129. Во земјава аплицирани се 725.902 дози вакцини. Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, информираше Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button