ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре поевтин бензин, објавен новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден. и ќе изнесува 83,00 ден/литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и ќе изнесува 85,50 ден/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,361 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,171 ден/кг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button