ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре поевтини горива, објавен новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 82,00 ден/ли, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 76,50 ден/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит. и ќе се продава по цена од  77,50 ден/литар.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button