ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре ПОПИС и во специјални општински пунктови

Процесот на попис на населението и домаќинствата влезе во последната недела. Државниот завод за статистика соопшти дека сите граѓани кои не успеале да се регистрираат, тоа можат да го сторат во специјални пунктови кои од утре ќе бидат отворени низ општините.

И покрај отворањето на пунктовите, попишувачите ќе ја продолжат работата на терен сè до последниот ден на пописната операција.

До денеска на пладне биле попишани 1 милион и 395 илјади граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади живеалишта. Во дијаспора се регистрирани околу 195 илјади иселеници. Пописот на резидентното население почна на 5 септември, а ќе заврши на 30 септември, кога завршува и онлајн пописот на дијаспората, кој почна на 5 март.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button