ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре се собираат потписи за независни листи на локалните избори

Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува утре (16 август) согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори и тие веќе и се познати на јавноста.

Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 8 до 20:00 часот, а на 30 август до полноќ.

(https://drive.google.com/file/d/1vNFOczSxrazZWN_4JPA5RjbEXHB11RjM/view).

Подносителот на листа определува пред кои нотари ќе се собираат потписи и за тоа ја известува ДИК, која на својата интернет страна објавува листа на нотари пред кои подносителите на листа собираат потписи. Трошоците за собирање на потписи пред нотар ги сноси подносителот на листата. Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидат за градоначалник. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на општината.

Кога подносител на листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, потребно е да се соберат во општината до 10.000 жители најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 10.001 до 30.000 жители најмалку 150 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 30.001 до 50.000 жители најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината од 50.001 до 100.000 жители најмалку 350 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината, во општината над 100.001 жители најмалку 450 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за општината и во градот Скопје најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на подрачјето на градот Скопје.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ОИК.

Листите на кандидати за членови на советот на градот Скопје и листата на кандидат за градоначалник на градот Скопје, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до избирачките комисии на Градот Скопје најдоцна на 11 септември, до 24:00 часот- 35 дена пред денот на одржување на изборите.

ОИК врши проверка на листите најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата и исто така доставува барае за проверка на податоците од листата до институциите веднаш или најдоцна 24 часа по поднесувањето односно на 12 септември. Институциите се должни повратните информации до ДИК да ги достават во електронска форма за 24 часа.

Доколку ДИК утврди дека листата е составена согласно Изборниот законик ја потврдува во рок од 24 часа, додека доколку се утврдат неправилности или пропусти им се дава 48 часа на подносителите да ги отстранат. Откако ќе се констатира дека листата е во согласност со Изборниот законик се потврдува со решение.

-Во случај на неправилности од членот 67 став 2 од ИЗ, Во случај на неправилности од членот 67 став (2) од Изборниот законик, подносителот на листата може да го замени предложениот кандидат што не ги
исполнува условите со нов кандидат во истиот рок од 48 часа и за истиот е должен самиот да ги обезбеди доказите за исполнување на условите предвидени во член 7 став (2), (3) и (4) од Изборниот законик (член 67 ст. (4), се предвидува во Роковникот на ДИК.

ОИК по потврдување, листите на кандидат/и ги доставува до ДИК заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати веднаш по потврдувањето на листите односно најдоцна на 18 септември.

Најдоцна на 23 септември ДИК на својата веб страна, а ОИК во сите население места ќе ги огласи утврдените листи за градоначалници и за советници.

Кампањата за локалните избори започнува на 27 септември на полноќ и трае до полноќ на 15 октомври.

Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, можат своите податоци да ги проверат во Избирачкиот список преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.

Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21 август и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

На локалните избори годинава за првпат за проверка на идентитетот на граѓаните ќе се применат систем и терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. Германската компанија „Дермалог“ првите 250 терминали треба да ги испорача на 25 август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button