ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Одбележување на 100-годишнина од првата „класична магија“

Пред сто години, илузионистот Селбит стави жена во кутија во Финсбури Парк во Лондон и ја исече на половина, создавајќи класична магија. Сега, 100 години подоцна, магионичари од целиот свет ќе се здружат преку интернет за да ја прослават стогодишнината од таа значајна изведба.

„Тоа стана највлијателната и најпозната илузија што некогаш постоела“, рече магионичарот и историчар Мајк Кевени, кој пишува книга за илузијата. Магионичарот не ја правеше оваа финта врз тврд предмет, туку врз човечко суштество, што го подигна на друго ниво. Во оригиналната верзија, пилата помина, кутијата се отвори, а лицето излезе неповредено. Со текот на годините, магионичарите развија верзии, со обете две половини. Познатиот волшебник Дејвид Коперфилд подоцна излезе со своја верзија. Тој беше врзан за платформа додека џиновско ротирачко сечило го пресече на два дела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button