СПОРТ

Одбојка – „Европската сребрена лига“ во машка конкуренција ќе се одржи во Струмица

Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука турнирот „Европската сребрена лига“ во машка конкуренција да се одржи во Струмица. Според планот, Струмица ќе биде домаќин на репрезентациите на Македонија, Израел, Кипар и Данска, кои ќе се натпреваруваат од 21 до 23 мај. Во истиот формат, од 28 до 30 мај, во данскиот град Шлагелсе, ќе се одржи вториот турнир од групните натпреварувања. Двете најдобри репрезентации, како и оние од групата Б, каде се Австрија, Унгарија, Хрватска и Луксембург, ќе бидат дел од турнирот „Фајнл фор“, кој повторно ќе се одржи во спортската сала во Струмица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button