МАКЕДОНИЈА

Одбраната на обвинетите за „Монструм“: Далеку сме од владеење на правото!

Кога беше изречена првата пресуда по овој предмет, кажав дека сме далеку од владеење на правото, сега слободно можам да кажам дека сме уште подалеку и очигледно дека и во Судот и во Обвинителството треба едно добро прочистување, изјави по објавување на пресудата за случајот „Монструм“ адвокатот Насер Рауфи, еден од бранителите на обвинетите.

Одбраната најави жалби по пресудата и по мерките притвор, и порача дека се убедени дека на крај ќе докажат дека обвинетите не се сторители на овој, како што рекоа, грозоморен чин.  

Пресудата, оцени Рауфи се донесе без никакви докази и без да се обрне внимание на одлуката на највиоскиот наш суд – Врховниот суд.  

–  Врховниот суд беше таксативен и кажа дека воопшто нема докази дека ова се сторителите, а и покрај тоа видовте дека со наводно прецизирање на обвинение, каква неправда се направи. Одиме понатаму и како одбрана сме сигурни дека ќе стигнеме до правдата, изјави Рауфи.  

Адвокатот Асмир Алиспахиќ, како бранител на неправосилно осудениот Хаки Азири, рече дека јавните обвинители со овој предмет покажале двојни аршини со предлозите за определување мерка притвор и укажа дека прифаќањето на мерката притвор е само уште една спрега меѓу судството и јавното обвинителство.  

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button