ФУДБАЛ

Одиграни пет натпревари од 28. коло во ПМФЛ

Денеска се одиграа пет натпревари од 28 – то коло од Првата македонска фудбалска лига. Актуелниот лидер, Шкендија на гости ја совлада Беласица со 0:3. Хебај со два гола и Валмир Нафиу беа стрелци за тетовскиот тим кој самоуверено маршира кон шампионската титула, каде остануваат уште пет кола до крајот на сезоната. Со ист резултат, 3:0, екипата на Академија Пандев, на домашен терен го совлада Вардар, додека Струга Трим Лум го совлада Пелистер. Четири погодоци беа постигнати на натпреварот меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров, каде двете екипи собраа по еден бод во ремито од 2:2. Минимална победа забележа ФК Шкупи, кој го победи Борец на гости. Вчера, Ренова со 2:1 го совлада Силекс во Тетово.

ПРВА ЛИГА – 28 КОЛО

Ренова 2:1 Силекс
Беласица 0:3 Шкендија
Работнички 2:2 Македонија Ѓ.П.
Борец 0:1 ФК Шкупи
Струга Трим Лум 3:0 Пелистер
А. Пандев 3:0 Вардар

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button