ВЕСТИСВЕТ

Одложено најавеното обраќање на Путин за Украина

Обраќањето на претседателот на Русија Владимир Путин, кое некои државни медиуми го најавија за синоќа, било одложено за денеска. Сергеј Марков, руски политиколог и поранешен близок советник на Владимир Путин, кој синоќа го најави обраќањето како водител на една од емисиите на рускиот прв канал, подоцна на Телеграм напиша дека националното обраќање на претседателот е одложено за денеска. РТ и Првиот канал ги отстранија најавите за емитување на обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, некои медиуми објавија дека Путин ќе даде изјава за „референдумите“ планирани на окупираните територии на Украина. Ова е првпат обраќањето на рускиот претседател откако тој е на функцијата да биде објавено во државните медиуми, а потоа и одложено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button