ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Односите  меѓу Скопје и Софија влегоа во сериозна фаза откако бугарскиот претседател најави ангажирање на специјалните служби во одбрана на Бугарите во  Македонија

Односите  меѓу Скопје и Софија влегоа во сериозна фаза откако бугарскиот претседател најави ангажирање на специјалните служби во одбрана на Бугарите во  Македонија, оценуваат безбедносните експерти. Според Љубомир Ѓурчевски, Радев најавил дека ќе ги искористи сите служби кои ги инсталирал во  Македонија за да создаде тензии, со цел да ја претстави земјата пред ЕУ како недемократска.

Поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Николовска не може да сфати како специјалните служби можат да им помогнат на Бугарите да ги остварат своите права. Таа се сомнева дека најавата на Радев има политичка позадина, додека самата Бугарија ги прекршува  правата на Македонците ки живеат таму и ги игнорира одлуките на Судот во Стразбур.

Изјавата на Радев следуваше по извештај на Центарот за култура во Битола „Иван Михајлов“, според кој, граѓаните на Северна Македонија се дискриминирани само затоа што се декларираат како Бугари. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев ги отфрлија обвинувањата за дискриминација, нарекувајќи ги најавите на Радев за  мешање во внатрешните работи и кршење на принципите на НАТО.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button