ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Офицер од мисија во Африка со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација. 

-Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, рече Шекеринска.

Министерот за здравство Венко Филипче за „Слободен печат“ изјави дека припадникот на АРМ ќе биде хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Заболениот македонски офицер бил во Централно – Африканската Република во улога на обучувач на локалните воени сили, заедно со уште еден негов колега од  С Македонија

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button