ВЕСТИРЕГИОН

Официјално: Косово аплицира за членство во Советот на Европа

Косовскиот главен дипломат, Доника Гервала, официјално ја поднесе својата апликација за членство во ЕК.

Гервала најави дека од денеска почнуваат процедурите за разгледување на барањето од страна на Советот, изразувајќи оптимизам оти Косово ќе биде членка на оваа организација за човекови права.

„Ја поднесовме апликацијата за членство во Советот на Европа. Денеска отворивме ново поглавје за членство на Косово во Советот на Европа, денеска започнува процедурата за разгледување на нашата апликација, која ќе помине до различните инстанци на Советот на Европа и Парламентарното собрание и на крајот Министерскиот совет. Косово е најдемократската земја во регионот, Косово е најпроевропската земја во регионот и е најоптимистичката земја во регионот. Затоа, Косово заслужува ден претходно да биде членка на Советот на Европа. Оваа постапка што ја започнавме денеска ќе заврши со полноправно членство на Косово во Советот на Европа и со ова со зајакнување на правата на граѓаните на Косово и нивниот пристап до европските инстанци“, рече Гервала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button