ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид и Струга пред увоз на работна сила, стручниот кадар им бега во странство

За неколку години Охрид и Струга ќе бидат принудени да увезуваат работна сила во угостителскиот сектор. Ситуацијата станува повеќе од алармантна и е резултат на одливот на стручен кадар во странство најмногу во Хрватска, но во последно време и во Дубаи. Во догледно време ќе мора да се увезуваат работници.

 

„Хрватска дава 1.000 евра. Тие за 1.000 евра треба да работат цела година овде. И зошто би работеле цела година кога таму за три месеци ќе си ја покријат цела година… За три-четири години ќе увезуваме. Африканска работна сила, Индија“, изјави Ангела Пасквал-професорка на Факултет за туризам Охрид

Угостителите мора да почнат да нудат повисоки плати, ако сакаат да ги задржат младите да останат во нивните објекти, вели професорката. Според неа, најниската плата во угостителството треба да биде 400 евра.

„…Секогаш сум зборувала дека не може некој кадар да биде дефицитарен, а да има минимална плата.“, рече Ангела Пасквал-професорка на Факултет за туризам Охрид.

Од Здружението на угостители велат дека проблемот со недостиг на стручни работници значително се зголемил со настапувањето на пандемијата.

„Се прават напори оној дел што го викаме неквалификуван кадар, а има желба за работа некако набрзина да го вметнеме во колосек и да го обучиме за да може да ги обавува посакуваните работи…“, истакна Михаил Мишев-претседател на здружение на угостители на Охрид.

Во угостителско-хотелскиот сектор во Охрид и Струга најмногу недостасуваат готвачи, келнери, шанкери и собарки.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button