ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид, плажите ничии, хигиената оценета со „доволен 2“

Добар дел од плажите на охридското крајбрежје со кој никој не стопанисува, ова лето останаа неуредени. Туристите се жалат на хигиената, нема доволно корпи за отпадоци, соблекувални, а околината е израсната со трева и трње. Кај некои од нив сè уште има руини од објектите или платформите кои лани беа отстранети за време на акцијата за уривањето на бесправно изградените објекти.

„Доаѓаме неколку години на плажа, но не сме баш воодушевени од плажата. Нема некоја хигиена, убава песок. Сме биле и на други плажи. Секоја година ситуацијата е иста. Нема никакви промени… Во околината ништо не е сменето. Сè е исто. Нема ниту една клупа, нема ништо. Нема место за паркирање, мора да дојдеме рано наутро, да ги ставиме автомобилите…“, велат туристите.

„Не знам оваа плажа дали ја концесионира некој – не. Мислам дека има преодна оценка двојка, од еден до пет“, додаваат туристите.

„Слободни се. Добри се. Но, хигиената малку да се подобри…“…

„… Најверојатно кафичите кога постоеја, си одржуваа хигиена, а сега не. Потребно е некој да стопанисува и сигурно би се одржувало подобро…“

„…Гледате дека нема корпи. Треба да одиш до онаму да фрлиш“, рекоа анкетираните туристи.

Сликата е друга пред хотелите кои стопанисуваат со плажите кои се наоѓаат пред нив. Таму се внимава на хигиената и уредувањето. Сепак, најатрактивните плажи во Охрид и летово, втора година по ред, останаа затворени, неуредени и без концесионери. Објектите пред почетокот на минатата сезона беа затворени, а на некои места и целосно отстранети.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button