СПОРТ

Охрид, се одржува Меѓународниот пливачки маратон на ФИНА

Во водите на Охридското Езеро денеска се одржува јубилејниот 50. Охридски пливачки маратон, прва од четирите трки на распоредот на серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Пливачите влегоа во водите на езерото на стартот на трката во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид. оддалечено 25 километри, се очекува да стигнат за приближно шест часа.

Временските услови за маратонот се поволни, температурата на водата е 25 Целзиусови степени. но мал проблем претставува умерениот северен ветар што го бранува езерото и дува спротивно од насоката на пливањето.

Меѓу 12 пливачи и седум пливачки учесници на маратонот се неколку познати имиња, како Марк Антоан Оливие од Франција, светски шампион на пет километри, бронзениот медалист од Олимиписките игри во Рио де Жанеиро и шестопласиран на Олимпијадата во Токио, потоа неговиот сонародник Аксел Рејмонд, светскиот шампион на 25 километри за 2019 година, како и нашиот Евгениј Поп Ацев, победник на ФИНА Светската серија на Ултра маратони 2019 година. Од нашите маратонци во водите на езерото влезе и Александар Илиевски.

Кај жените на стартот, меѓу познатите се освојувачката на сребро на десеткилометрскиот маратон во Доха – Ошан Касињол, како и ветеранката и нам добро позната неколкукратна победничка на охридскиот маратон – Пилар Гељо од Аргентина.

Наградниот фонд на пливачкиот маратон изнесува десет илјади долари, рамномерно распореден во двете категории.

Првиот Ултра маратон што требаше да се одржи во Канада е откажан, додека после охридскиот на распоредот се уште две трки – на патеката Капри во Италија и Росарио во Аргентина.

Ова е 50-ти пат светската пливачка елита да се собере на Охридското Езеро, а 35-та трка од возобновувањето на Охридскиот пливачки маратон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button