ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридските концесионери бараат итна средба со Заев и Груби

Досегашните концесионери со плажи во Охрид, бараат итна средба со премиерот Заев и вицепремиерот Артан Груби, за да ги образложат своите ставови околу актуелните случувања на охридското крајбрежје. Бараат да продолжат да работат се до изнаоѓање на законско решение.

„Му праќам една порака на вицепремиерот Артан Груби,да не посети и нас, да ни го каже начинот како и ние да работиме.Нели ова е општество едно за сите во Македонија.Бараме под истите услови, да ги отстраниме неправилностите кои задираат во планот на УНЕСКО и да продoлжиме да работиме.Го повикуваме премиерот Заев, да ни ги даде истите услови, како што работат во Струга,наши колеги. Имаме луѓе зад нас вработени,имаме неплатени огромни долгови поради пандемијата Ковид 19“, изјави Томче Тримчев-поранешен концесионер.

Велат дека до неодамна најатрактивните места,сега можат повторно да се претворат во депонии и неуредени површини какви што биле пред 15 години.

„Каде води оваа идеја незнам.Ќе ја вратиме плажата во рушевини,која во скоро време ќе се направи депонија каква што беше“, рече Томче Тримчев-поранешен концесионер.

Без работа на сите плажи останаа повеќе од 500 вработени.

„Останавме без работа.Чарето ќе го бараме надвор од државата. Приходите беа доволно добри за да се има убав добар живот и да се покријат трошоците лично кон мене, односно студентските трошоци“.

За разлика од Охрид во Струга се отстрануваат само платформите во вода, додека сите објекти продолжија непречено да работат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button