МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара казни за палење на бугарското знаме, првообвинетиот да плати 7.000 евра!

За првообвинетиот во случајот со палењето на бугарското знаме што се случи за време на Вевчанскиот карневал, Јавното обвинителство побара судот да му изрече казна од 7.000 евра. За останатите двајца обвинети се бараат казни од по 5.000 евра глоба, соопшти Јавното обвинителство. Тие се обвинети за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и мавтале со него додека горело. Инаку, Вевчанскиот карневал оваа година се одржа самоиницијативно и покрај забраната за собири поради пандемијата, а имаше и интервенција на полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button