МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара притвор за Мијалков во Трезор, одбраната тврди дека тој нема да бега

Обвинителот Трајче Пеливанов по објавата на пресудата во случајот Трезор побара од кривичниот суд да определи притвор за Сашо Мијалков во овој случај, а да ја укине мерката притвор во случајот Таргет Тврдина.
-Имајќи ја предвид казната од 8 години на Сашо Мијалков и имајќи ја предвид казната на таргет тврдина. Околноста дека Сашо Мијалков е исклучително моќен човек несомнено се јавува мерката обезбедување на негово присуство а со оглед на тоа што веќе за ова лице е определена мерка притвор која може да трае до правосилноста на таа пресуда односно до 27 април 2021 па од тие причини предлагаме по објавувањето на денешната пресуда према Сашо Мијалков поради опасност од бегство да се определи мерка притвор за овој предмет, а мерката притвор во предметот Таргет Тврдина да биде укината. Сашо Мијалков има дозвола за престој во Прага во Република Чешка и поседува две возила кои се регистрирани на негово име. Би сакал да дополнам и дека судот треба да го цени фактот дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице кое добро ситуиран и членовите на неговото семејство поседуваат приватни бизниси што се создава можност за логистика и можност за бегство, рече обвинителот Пеливанов.
Одбраната на Мијалков па смета дека со обжалувањето на пресудата пред Апелација, второстепениот суд би донел ослободителна пресуда.
-Одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ кој оди во прилог на обвинителството, баш напротив одат во полза на одбраната, но тоа ќе го обжалиме пред Апелација. Јавното обвинителство наведе дека како моќен човек тој и неговото семејство како сопственици на фирми му даваат ексклузивитет дека тој може да се даде во бегство. Одбраната тврди дека ваквата теза е погрешна. Мојот клиент што има неколку бизниси во државата нема да ја напушти, тоа е причина повеќе да остане тука. Одбраната смета дека ваквото барање е неосновано, рече Љупчо Шврговски, адвокат на Мијалков.
Во зависност од одлуката на кривичниот суд зависи дали Мијалков за две недели ќе излезе од истражниот затвор во Шутка или не.
Обвинителството побара притвор и за Небојша Стајковиќ поради опасност од бегство, бидејќи засега мерката за претпазливост и одземениот пасош не гарантира дека тој не може да избега.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button