ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО фокусирано на поткуп од 100 евра, а мижи за потенцијален милионски криминал

ОЈО фокусирано на поткуп од 100 евра, а мижи за потенцијален милионски криминал

За вонредните ревизорски инспекции во државните клиники, Министерството за здравство известило во Владата дека има констатации за злоупотреби, но извршната власт не ги проследува овие досиеја во обвинителството, иако има големи сомнежи за повлекување милиони евра од Здравствениот фонд преку терапии против канцер. Премиерот Ковачевски покрај лекциите кој што треба да преземе, кажа дека извештаите се достапни за сите органи кои ќе се заинтересираат.

Advertisements

Алсат праша во обвинителството дали по овие индиции ќе се формираат предистражни предмети. Ни одговорија дека единствена иницијатива што ја истражуваат во Онкологија е пријава за земање поткуп од 100 евра. Прашавме зошто приоритет се дава на ваков случај, а не и на сомневањата за организиран финансиски криминал, од обвинителството велат – сè уште немале такви пријави, а вестите во медиумите не биле доволни за да се реагира.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје од Клиниката за онкологија отворен е само предметот за истрагата за поткуп на болничар од пациент со рак. До недела ниту во Обвинителството против организиран криминал и корупција немаше пријава за финансиска злоупотреба на Клиниката за онкологија“, велат од Основно јавно обвинителство.

Инаку, поради неправилности во работењето веќе оставки поднесоа директорот на Онкологија Никола Васев и директорката на Педијатрија Аспазија Софијанова. Алајдин Мемеди беше разрешен од функцијата организациски директор на Педијатрија поради сомневања за финансиски манипулации, но тоа не важи и за организациониот директор на Онкологија. Според наодите од инспекциите, деновите им се бројат и на директорите на уште две клиники, за кои се побарани подетални извештаи за проверка на фактите во Клиниката за пулмологија и инфектологија./Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button