ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО – Ќе се вештачи документацијата за градба, употребените материјали, но и елаборатите за складирање горива и планот за електрична инсталација

Од Основното јавно обвинителство преку соопштение ја информираат јавноста дека покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. За таа цел испратени се истражители од Основното јавно обвинителство во Тетово до надлежното министерство, заради подигнување на целокупната документација која ќе биде предмет на разгледување и анализа.

Петтемина обвинители поднесоа барање за пружање помош во кривична постапка до Основно јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес, да се одземе целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница во Тетово.

Дополнително доставена е наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово за доставување на податоци во насока да се утврди дали ЈЗУ Клиничка болница во Тетово има изготвено Елаборат за складирање на хемикалии и горива, како и генератори при прекин на струја, како и да се достави Планот за електрична инсталација на Модуларната болница.

Издадена е писмена наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, да се достави Планот – елаборат на системот за снабдување со кислород со доводи, цевки и приклучоци за Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

До „ЕВН Македонија“- КЕЦ-Тетово издадена е писмена наредба за доставување на елаборат за снабдување со електрична енергија, односно Планот за целокупната електрична инсталација за Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

Исто така, издадена е и Наредба за градежно вештачење до Градежен институт „Македонија“, за да се подигнат примероци од опожарениот вграден градежен материјал од самото место на настанот – под, таван, ѕидови, прозори, врати, изолација и слично од Модуларната болница, со цел да се испита и да се образложи од каков материјал се изработени, каков материјал е вграден во Модуларната болница во Тетово и да се преземат и други потребни дејствија, кои се во насока на утврдување на составот на градежните материјали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button