ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Околу 1 000 граѓани без државјанство побарале помош од албанската опозиција преку платформата националност.мк

„Имам многу пријатели, што сме без државјанство, Албанци најмногу. Семејството, секој има државјанство, како родители имале, браќата, сестрите, секој има државјанство, само јас не“.

„Сопругата ми беше од Србија. 45 години брак со неа, не и дадоа државјанство. Пред две години сопругата почина, без документи, без ништо. Синот има 40 години. Обична кола не можеш да ја регистрирап, како може да живее без документ? Без вработување, без здравствена книшка“.

Неџат Максути и Идриз Јахиу се само двајцата од над 1000 граѓани кои се обратија на платформата на албанската опозиција „државјанство.мк“, откако со години на институционален начин го бараа тоа, но не добија државјанство. Башким Бакиу од Аналитичкиот центар на коалицијата АА- Алтернатива вели дека идентификувањето на раселените лица ја истакнува неправдата што државата им ја направи на многу сограѓани на кои им се ускратени основните права за живот. Тој најавува активности на терен, да ги идентификува граѓаните од сите етнички заедници кои се соочуваат со овој проблем.

„Следниот план е да се идентификуваат и населбите и селата каде што може да има лица без државјанство, дури и на терен и во области каде што луѓето или не се информирани или немаат пристап до Интернет.

Но, за разлика од албанската опозиција која оценува дека бројот на граѓани Албанци кои немаат државјанство е многу поголем од официјалните податоци, лидерот на ДУИ, Али Ахмети неодамна рече дека без државјанство има околу 3500 граѓани, претежно Роми. Додека заменик министерот за правда, Агим Нухиу рече дека оние што аплицирале добиле државјанство.

„Постојат и категории кои не покажуваат интерес за добивање државјанство. Останатите кои аплицирале за државјанство се опремени. Не еден, ниту 100, ниту 1000 туку 13.000 Албанци добија државјанство во времето на ДУИ во сите периоди “.

Инаку, 2 536 барања за државјанство остануваат во фиоките на Агенцијата за национална безбедност, додека процедурите запреа во Владината комисија за тест за познавање на македонски јазик, која во текот на изминатата година никогаш не се свикала. За период од 4 години, АНБ има вкупно 223 негативни одговори. Во 2020 година биле одбиени 87 албански апликанти, во 2019 година 75, во 2018 година 33 и во 2017 година 28 Албанци.

Anesa salihu

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button