ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Околу 10 илјади ученици во Тетово седнаа во училишните клупи

Ова е основното училиште „Истигбал“ во Тетово. Едно од училиштата со најмногу ученици. Како и во сите други основни училишта каде наставата започна со физичко присуство и во ова училиште учениците едвај чекаа да седнат во училишните клупи.

„Под строги мерки против ковид, со средства за дезинфекција на вратата, маски за оние кои евентуално заборавиле да ги земат и апарат за мерење температура, вака денеска преку 10.000 ученици ја започнаа наставата во градот Тетово“.

 

„Ги преземавме сите мерки и ги почитуваме протоколите, а денеска во претпладневната смета беа присутни 475 ученици и наставата започна во 7 часот и 30 минути. Немавме друг проблем, родителите беа внимателни и не се обидоа да влезат внатре“.

 

Надлежниот за образование во општина Тетово, Ахмед Ќазими, истакна дека почитувањето на протоколите е неопходно за непречено одвивање на наставниот процес.

 

„Тешко е да се одржи дистанца помеѓу учениците затоа што не се сретнале година и пол, и тешко е да не постојат афирмации меѓу учениците и наставниците што не се изразени меѓу нив, но во оваа ситуација за да се заштити нашето здравје, потребно е одрден период додека се мерките да се дистанцираме од физички контакт, да останеме со маски и да ја одржуваме дистанцата“.

 

И во Гостивар, наставниот процес со физичко присуство за учениците од основните училишта се одвиваше без пречки. Директорот на Јавното претпријатие вели дека училиштата биле дезинфицирани навреме, како од внатре, така и надвор од нив.

 

„Нормално, ние како јавно претпријатие ги преземавме сите мерки и работевме во смени за да ги исчистиме и испереме сите училишни дворови и каде што можеме да направиме дезинфекција не само на училиштата, туку и на колективните објекти“.

 

Родителите се согласуваат дека протоколите треба да се следат и бараат дополнителна грижа од наставниците.

 

„Постои мал стрес бидеј се знае, тие се деца, се надеваме дека ќе успееме. Времето на пандемија го прави своето, ќе има малку проблем, но ќе видиме“.

 

„Мора да има голема внимателност бидејќи нема шанса децата да бидат внимателни. Прекумерното собирање постои, не постои можност да се биде внимателен“.

 

За разлика од основните училишта, средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ја започнаа онлајн. Учењето на овој начин ќе трае најмалку 14 дена, во зависност од епидемиолошката ситуација. Првата недела со онлајн настава ќе ја следат и средните училишта во Струга и Кичево.

Bashkim Sulejmani

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button