ВЕСТИЗДРАВСТВО

Околу 25 илјади дози вакцини на Астра Зенека пред истек на рокот

Околу 25 илјади дози од вакцината Астра Зенека се на граница на истекување на нивниот рок.

Ова за Алсат го потврдија од Министерството за здравство кои кажаа дека овие 25 илјади дози имаат рок до ноември годинава.

Од Министерството за здравство додаваат дека поседуваат 252 илјади 680 дози вакцина Фајзер и 5 илјади дози Синовак.

Дополнително, според овој одговор на Министерството за здравство за Алсат информираат дека секоја недела во земјава пристигнуваат околу 30 илјади вакцини од производителот Фајзер.

„Во тек е вакцинација и ревакцинација со вакцината на производителот Pfizer, како и ревакцинација со вакцината од страна на производителот Astra Zeneka. Тековните количини од производителот Фајзер имаат рок јануари/февруари 2022 година, вакцините од производителот Астра Зенека имаат рок до ноември 2021 година, додека вакцините од производителот Синовак имаат рок до 2023 година“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Потсетуваме дека во денешното соопштение на Министерството за здравство беше објавено дека вчера во земјава биле применети вкупно 4961 доза вакцина, од кои 1.721 биле применети како прва доза, 1.030 биле ревакцинирани, додека 2.210 граѓани ја примиле третата доза на вакцина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button